Ако и вие се вбројувате меѓу оние на кои завиткувањето на подароците им е подеднакво важно колку и подарокот што го подарувате, мора да го погледнете видеото погоре. Во него е објаснето како да спречите украсната хартија да ви се одвиткува, како да направите машнички од листови од списание, како секогаш да го најдете почетокот на селотејпот (што обично се чини невозможно), и уште неколку практични трикови.
Следете ги инструкциите и не заборавајте да купувате со љубов. А уште ако и подарокот кој е купен со љубов е завиткан со уште поголема љубов, е тогаш имате полн погодок!