Рустичниот стил изгледа слатко, топло и пријатно, нудејќи се’ што е потребно за опуштање по студениот зимски ден. Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, ви претставуваме неколку преубави украси и венци во рустичен стил, со кои можете да создадете вистинска зимска идила во домот. За нивна изработка најчесто се користат природните материјали, како што се: дрво, кора од дрво, шишарки и јута. Лампионите за новогодишната елка можете да ги преслечете во платно од јута, да направите венче од дрвени гранки, а од кората, пак, многубројни украсни детали. Поголемите парчиња дрво се погодни за подготовка за држач за свеќи или ѕвезди, а доколку додате и некоја борова шишарка, ќе добиете совршена декорација во екот на зимските прослави. Во продолжение, погледнете дел од предлозите за оваа намена, бидете креативни и направете прекрасна празнична атмосфера во домот.