Повеќе пати констатиравме дека креативноста постои за да биде споделена. Таа не познава себичност, не познава тајни – во нејзината есенција е да инспирира, да мотивира и да поттикне восхит и активација при секое споделување информација или идеја. Во конктест на тоа, секогаш е убаво кога DA ги следи светските креативни достигнувања; но, уште поубаво е кога истите доаѓаат од дома или од регионот. Luka Pirnat е дизајнер од Словенија, чиј концепт за „The 360 Shelf“ е затекнат во реализација на дизајн на мебел, односно софистицирано и едноставно парче мебел изработено од дрво – моделирано за да се фиксира на ѕид и за да ги држи Вашите книги на модерен пиедестал. Овие неверојатни полици доаѓаат во повеќе варијанти на дрво во живи бои – погледнете за што станува збор.