Златната и белата боја се совршена комбинација за свечени пригоди, па ни престојните зимски прослави не се исклучок. Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, стилизирањето на домот во бело и златно ќе му даде префинета и аристократска нота на животниот простор, облагородувајќи го со раскошна славеничка атмосфера. Белата е синоним за чистина и неодоливо потсетува на снегот, а златото изгледа софистицирано и гламурозно, дозволувајќи и на белата боја комплетно да се истакне во амбиентот. Украсите и декорациите во златна, бела, или, пак, боја на слоновата коска ќе направат новогодишната елка да изгледа отмено, белите чинии со позлатени рабови се одличен избор за свечена вечера со гости, додека белите и златните чорапи и венци ќе и дадат елегантен призвук на празничната атмосфера во ентериерот. Декорирајте го вашиот дом за празниците со позлатени свеќници и бели свеќи, златни и бели украси и гранчиња, создавајќи своја божиќна бајка. Во продолжение, ви претставуваме 44 префинети новогодишни украси и идеи за таа намена. Погледнете ги фотографиите и одберете ја омилената инспирација за празнична тема и во вашето катче за живеење.