Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, најдобар начин да ја оживеете славеничката атмосфера е да заборавите на се’ што е лошо, а да се фокусирате на она што е навистина важно, создавајќи минијатурен фестивал на радоста во домот. За таа намена, ви претставуваме повеќе инспиративни празнични идеи за украсување на домот, кои во екот на декември ги предложи американскиот бренд Crate & Barrel. Дневниот престој и празничната трпеза претставуваат средиште на случувањата, па се најпригодните места за поставување на декоративните детали и украси, претворајќи ги во комфорен и пријатен простор за споделување на убавите мигови со најблиските. Без оглед на тоа дали ќе се одлучите за топол празничен камин, чорапчиња за подароци, интересно накитена новогодишна елка, шарени сијалички и свеќи или креативни пораки на еден од ѕидовите, ќе создадете пријатна атмосфера подготвена за пречекување на гостите. Во продолжение, погледнете дел од прекрасните предлози – секој од нив зрачи со среќа, оптимизам и љубов за испраќање на старата, и дочек на новата година во домот. Инспирирајте се и одберете ја омилената тема за внесување на новогодишната магија и во вашиот животен простор.