Наместо со класична рекламна кампања, Tiffany & Co. одлучи оваа година да ги изненади сите свои купувачи со божиќни разгледници во духот на 50-тите години. Секоја разгледница претставува една божиќна приказна од богатата историја на компанијата, за која директорот на макетинг Richard Moore ќе каже: ,,Тогаш, како и сега, Tiffany & Co. беше најграндиозната градска продавница за накит, секогаш на модниот и дизајнерскиот врв. Го овековечивме стилот на ерата и ентузијазмот со симпатични илустрации на семејства и парови кои се веселат во снегот и празничниот гламур.” Користените бои најчесто ја одразуваат познатата тиркизна нијанса која е и заштитен знак на брендот, а со детали во веселата виолетова боја, како и темно сината која е употребена во ноќните сцени. Девојка која излегува од бутик со својата тиркизна кутија, млад пар на лизгање, романтични состаноци крај Емпаер стејт билдинг, снежни семејни сцени – сите се изработени во 3D формат, а го красат излогот на дизајнерската куќа на Петта авенија, за да го оживеат божиќниот дух, но истовремено и предложат идеален накит за сезоната на сите оние кои се неодлучни при купувањето подароци.