Македонската музичка дива Каролина Гочева ексклузивно ја претстави својата нова песна. Композицијата носи назив ,,Бегај, бегај’’, а е преработка на насловната тема од култната македонска серија „Трст Виа Скопје“. Композитор на мелодијата е легендарниот музичар Кокан Димушевски, текстот го напиша Весна Малинова, а аранжманот е на Никола Мицевски – авторот на албумот „Македонско девојче 2“. Уживајте!