Со совети од магичните огледала, кристалните топки и тарот- картите, Дизни состави интересен хороскоп за декември. Погледнете што ве очекува овој месец.
Овен
Вашиот добропознат порив за успех нема да ви донесе многу среќа овој месец. Забавете го темпото и погледнете околу себе. Празниците се време кога се помага на другиот, па затоа бидете отворени и љубезни.
Бик
Полната месечина на 6ти декември ќе биде последна за оваа година. Затоа, искористете ги овие силни месечеви сили и ќе имате екстра-продуктивен ден. Завршете ги сите обврски што сте ги одолговлекувале, напишете по некоја честитка и купете подароци. Сега е времето да започнете со нешто што одамна сте планирале.
Близнаци
Не губете време на седење. Излезете од комфорната зона и направете нешто сосема ново. Вашата љубопитност нека ве води во создавањето на вашиот нов, волшебен свет за празниците.
Рак
6ти декември ви е среќен ден, но внимавајте на 22ри. Многу сте зафатени, но обидете се да постигнете сè. Ако успеете да се фокусирате на вас, а не на мислењата на другите, нареднава година ќе ви тргне одлично.
Лав
Овој месец, покажете кои сте и што сте кога ќе запознавате нови луѓе. Почнете разговор додека чекате ред за кафе. Никогаш не се знае на кого ќе налетате- нова љубов, нови пријатели, сè е можно!
Девица
Како што ќе се насобираат обврските, немојте да се одделувате од другите. Прифатете помош и бидете горди на себе. Не си ги земајте работите присрце и слободно кажете ,не’ на она што не ви одговара.
Вага
Држите рамнотежа како и обично, но овој месец малку повеќе од што треба. За да избегнете стрес, фокусирајте се само на она што е важно. Ако успеете, рамнотежата ќе почне сама да се мести.
Скорпија
Овој месец конечно ќе ви се исплати трудот кој сте го вложувале цела година. Ако се најдете во некоја караница, бидете достоинствени и бидете им благодарни на сите кои придонеле да стигнете онаму каде што сте. Така ќе бидете чекор поблиску до вашата главна цел.
Стрелец
Стрелци, време е да се покажете! Овој месец сè се врти околу вас. И во приватниот, и во професионалниот живот ќе имате успех, а за време на празниците очекувајте вистински хаос. Ако сте толку прецизни со секојдневните задачи како што сте со лакот и стрелата, ништо нема да ви претставува проблем.
Јарец
Драги Јарци, ќе имате одличен месец! И покрај тоа што некогаш работите знаат да излезат од контрола, останете разумни. Најдете време за семејството и пријателите и ќе видите дека вистинските богатства не сјаат секогаш.
Водолија
Декември е вистинско време да ги прифатите сите ваши маани и чудни навики. Иако поради нив сте имале друштвени проблеми во минатото, овој месец ќе сретнете луѓе кои ќе ве прифатат онакви какви што сте.
Риби
Овој период од годината е посебно стресен за чувствителните Риби. Сијалички, елки, новогодишни продавници со многу луѓе- сето тоа е премногу за вас. Но, штом почнете да паѓате со духот, само продолжете да пливате и да пливате и пак да пливате…