Во далечната 1967 година, многумина сметале дека овој проект е едноставно невозможен во тоа време. Сепак, за генијалниот данско-американски дизајнер Jens Risom било предизвик да дизајнира монтажен објект, чија цена нема да надмине 25.000 долари. Резултатот е неверојатната монтажна куќа Block Island Cabin наменета за одмор на семејството, која била создадена пред повеќе од четири децении, а се користи и денес. Монтажната викендица се’ уште гордо стои на островот со мал камен ѕид околу неа. И покрај тоа што 97-годишниот дизајнер ги смалил своите летни посети, неговото семејство и натаму ужива во нејзините вредности. Со величенствениот плафон, големиот стаклен ѕид кој ја внесува природата во ентериерот и топлите дрвени површини, монтажната колиба е инспирирана од младоста која архитектот ја поминал во Данска, како и нејзините живописни домови. За 60-тите години ова било ,,освежувачка и револуционерна’’ архитектура, а дизајнерот бил бил посебно фасциниран од рустичниот стил. Ентериерот е воздушест, со прекрасна колекција на винтиџ декорации кои се семејно богатство, додека дрвената конструкција добила нов стаклен ѕид со кој бил заменет стариот и дотраен ѕид. Преубавиот камин во дневната соба и удобниот декор им овозможуваат на станарите да уживаат во идиличните дни од одморот. Дрвената монтажна викендица се простира на две нивоа. Првото ниво има две спални соби, бања, кујна и дневна соба со трпезарија, додека горниот кат содржи дополнителни соби за спиење. Рустична колиба со безвременска убавина – совршена за викенд, зар не?
Првата монтажна викендичка
Викендицата настанала пред повеќе од четири децении, а се користи и денес.