Малите станови се домови на иднината, па на животот во мал станбен простор се’ помалку треба да се гледа како на незгодна и непожелна варијанта. Само затоа што постојат и други, многу поголеми простори за живеење, не значи дека треба да се чувствувате лошо или неудобно во својот мини дом. Всушност, во густо населените подрачја, малите станови се нужна потреба. Тие се добро решение за растечките трошоци по квадратен метар, а, кога добро ќе размисли, кому му се потребни огромни станови кога постојат толку многу феноменални проекти за малите станбени простори? По инспиративните решенија кои ви ги прикажавме во првиот дел, вториот дел и третиот дел, потрагата по креативни идеи ја заокружуваме со уште четири убави предлози за стан со мала квадратура. Станува збор за станови кои комплетно се разликуваат стилски еден од друг, но сепак имаат заедничка карактеристика која ги поврзува – отворениот план на просторот. Кога домот е со скромни димензии отворениот распоред е идеално решение, бидејќи додавањето преградни ѕидови и раздвојувањето на собите визуелно го намалува ентериерот, а и дополнително се задушува амбиентот. Од најмалиот до најголемиот, погледнете какви се интересните примери кои ги предлагаат талентираните дизајнери, и ,,украдете’’ инспирација и за вашиот дом.