Зарем постои автомобилски фанатик на овој свет кој барем за краток период не бил вљубен во „кралот на ретро автомобилите“?
Во прилог Ви ги доставуваме нашите седум фаворити, а искрено се надеваме дека ќе си го пронајдете својот Јагуар.
1. 1957 Jaguar XKSS
XKSS дефинитивно е автомобил за адреналинските зависници со префинет вкус. За оние на кои не им треба многу да започнат улична трка. Еден од нај-мачо претставниците на Јагуар.
2. Jaguar E-Type
Овој тип дефинитивно знае со дамите. Заводник чиј дизајн е создаден за италијанските улички и дефинитивно за џентлмени кои знаат како со вистинските дами.
3. 1961 Jaguar E-Type Coupe
1961 E-Type Coupe е за мажите со став. Неговите математички пропорции го прават совршен за улиците покрај високите Њујоршки згради, во бизнис-блокот во Париз и малечкиот неодолив Луксембург.
4. The 1966 Jaguar E-Type 2+2 Coupe
Типичен аристократски ретро автомобил. Непрактичен и тежок за одржување. Но една вожња низ градот дефинитивно ги полни батериите.
5. 1974 Jaguar E-Type
Повисок и дефинитивно поелегантен од останатите. Модел за сите вљубеници на класичните холивудски филмови. Само замислете се со класично Rayban наочари како возите на пат покрај бесконечна океанска плажа.
6. Jaguar F-Type
Наследник на претходниот тип, со очигледни промени во дизајнот и контурите. Кај кабриолетите очигледно нема грешка.
7. F-Type Coupe
Овој и претходниот модел ги наменивме за оние кои се повеќе по модерните автомобили. За оние кои покрај луксузот ја преферираат и практичноста.