Во последниве десетина години наголемо се зборува за важноста на маслиновото масло во светот на убавината, но всушност тоа започнало да се користи за телото уште од времето на Клеопатра. Маслиновото масло содржи антиоксиданси и хидратантни состојки што го прават незаменливо во негата на кожата, косата и ноктите. Еве како се користи овој производ кој мора да го имате во својата колекција.
1. Користете го како третман пред миење на косата. Загрејте малку маслиново масло во микробранова печка и нанесете го на врвовите и на темето на косата. Оставете го 10-20 минути и почнете со миење.
2. Користете го како пилинг за уста. Измешајте кафеав шеќер и една лажичка маслиново масло и почнете со пилингот.
3. Користете го за отстранување на шминка од очите. Не заборавајте потоа да го измиете лицето и да продолжите со вообичаеното чистење.
4. Користете го наместо пена за бричење. Овој природен лубрикант ќе ја нахрани вашата кожа и ќе ги спречи незгодните гребнатинки.
5. Користете го како антибактериско средство. Помага во брзо заздравување на кожата.
6. Користете го како регенератор за кожата околу ноктите. Плус, ноктите побрзо ќе ви растат и ќе бидат поцврсти.
7. Користете го за чистење на четките за шминка. Постапка која треба да ја правите барем еднаш месечно. Сè што ви треба е мешавина од маслиново масло и обичен антибактериски сапун.