Престојот во оваа прекрасно уредена куќа за одмор им нуди бескрајно задоволство на нејзините сопственици. Опкружена со цвеќиња и зеленило, таа е вистинското место за одмор и релаксација во слободното време за Томас и Мери. Се наоѓа во Шведска, а стилизирана е налик на колиба со англиски шарм, полна со светлина, креативни катчиња и чувство на слобода. Внимателно реновираната стара градба од тули добила поптполно нов сјај по преуредувањето, а денес е семејното гнездо за опуштање по кое долго мечтаеле. Во внатрешноста доминира белата боја како основа за ѕидовите и подот, додека акцентните детали ги истакнуваат тоновите на природата и се’ она што се случува надвор. На тој начин, ентериерот е во хармонија со надворешноста, обединувајќи ги на едно место зелената, црвената и кафената боја, со рустичните дрвени греди кои внесуваат топлина. Винтиџ украсите и даваат индивидуалност и слатка нота на секоја соба, обезбедувајќи истовремено комфор, убава атмосфера и лежерност за уживање во викендот на семејството. Преубава викенд инспирација – погледнете ги фотографиите.
Лежерна куќа за одмор
Старата колиба од тули денес е омиленото место за викенд на младо семејство.