Тоа бил предлогот на бразилските архитекти Nilton Montarroyos и Andressa Fonseca, кои добиле задача да создадат мини дом во студио со површина од 40 метри квадратни. Спротивно на очекувањата, тие креирале животен простор за спротивниот пол, па така aрхитектот имал предизвик студиото да го прилагоди на стилот на млада жена, додека неговата колешка станот со иста квадратура и ист распоред го преуредила за момче со слободен дух. Покрај промената на декорот, архитектите направиле уште неколку измени. Иако и во двата случаи кујната е отворена кон дневниот престој, сепак преостанатиот простор во ентериерот е организиран на различни начини. Во женската верзија на станот, спалната соба е лоцирана во посебна просторија. Архитектот сакал да ја оддели оваа соба од дневниот престој, поставувајќи дрвена преграда во бела боја. Дизајниран е мулти-функционален простор, со различни зони: спална соба, дневна соба, трпезарија и кујна која е отворена и поврзана. Тука е повторно се вратил на убавиот елемент што го означува преминот од една соба во друга. Во женскиот ентериер се искористени нијансите на жолта, црвена и сина боја, кои создаваат вистински женствен декор. Покрај тоа, употребена е ткаенина со цветни и точкести принтови, а ѕидовите се украсени со слики и цртежи. Во машката верзија на станот, пак, изборот се сведува на сивите тонови и портокаловата боја, пејзажни фотографии на ѕидовите и спортската опрема како декоративен елемент. Телевизорот има значајна улога во амбиентот, а позициониран е така што ќе може да се гледа од софата и од креветот. Кујната во женскиот стан ја сочинуваат бели ормани кои се искомбинирани со бел кујнски полуостров. Декоративните плочки внесуваат ведрина и боја, додека заоблените линии на фрижидерот и даваат шармантен ретро изглед на просторијата. Кујната во машкиот стан е уредена со мебел во две бои: портокалова и темно сива. Трпезариската маса, ѕидот во црна боја налик на училишна табла, сликите и лампите и даваат модерен призвук. Текстилот исто така прави важна разлика помеѓу машкиот и женскиот дом. Пастелните тонови и цветните мотиви заменети се со гранитни и портокалови детали. Кој стан вам повеќе ви се допаѓа?