Големината на станот е од особено значење, но само кога знаете како паметно да го искористите расположливиот простор. Животот во мал стан може да биде вистинска уметност, доколку умеете практично да ги исползувате најдобрите карактеристики на секое катче од домот. Со наглиот пораст на станбените кредити, но и на месечните кирии, од полза е да научите како малиот простор да го направите што попристапен, комплетно усогласувајќи го со личните потреби. За таа намена, ви претставуваме уште три прекрасни мини стана, со инвентивни решенија кои се одличен пример дека скромните димензии не се пречка за убав и функционален амбиент за живеење. За нивната визуелизација е заслужен тимот на Curly Studio, користејќи едноставен дизајн и неутрални бои за уредување на ентериерите. Исполнети се со многу полици и простор за складирање, а нема премногу гломазни парчиња мебел или, пак, пренападни дезени, со што вешто е избегнато задушување на малиот простор. Од најмалиот до најголемиот, во секој од нив можете да пронајдете интересни предлози и за вашето приватно царство. За повеќе идеи, погледнете ги и првиот дел и вториот дел од серијата објави посветени на мали и убави станови. Инспирирајте се!