Создавањето на соодветно катче, каде еден или повеќе тинејџери ќе спијат, учат и поминуваат слободното време, може да се покаже како особено тешка задача при уредувањето на домот. Секој тинејџер е различен : некои од нив воопшто не сакаат да ја напуштат својата соба, додека другите попрво би престојувале било каде, само не дома. Адолесценцијата е фаза која го означува преминот од детството во светот на возрасните, па така и дизајнот на нивниот интимен простор треба да претставува умешен баланс помеѓу детска соба и класична спална соба – ни премногу инфантилен, ниту, пак, претерано стерилен и сериозен. За таа намена, ви претставуваме неколку убави и креативни решенија за соби, кои се специјално дизајнирани да одговорат на потребите на модерни тинејџери, а можат да им послужат и како инспиративни примери на нивните родители подеднакво. Станува збор за колоритни и интересно уредени ентериери, совршени за секој тинејџер кој обожува да учи, сонува, или, пак, да се дружи со врсниците во удобно катче од домот. Создадена е прекрасна атмосфера во која на тинејџерите ќе им биде пријатно, со гордост ќе ја покажуваат на другите, а можеби и вистински ќе ја ценат. Во продолжение, погледнете како изгледаат дел од инвентивните предлози и одберете ја омилената идеја за вашето семејно гнездо.