На 22 октомври е премиерата на монодрамата ,,Секс, дрога и рокенрол” од Ерик Богосјан, во режија на Ристе Алексовски и во интерпретација на Сашо Тасевски, а на 23 октомври на претставата ,,Капетанот Џон Пиплфокс”. Претпремиерите на овие две претстави ќе се случат ден порано.

01

Драмскиот театар Скопје ќе го заокружи месец октомври со три премиери. Последните две ќе се случат оваа седмица, а нивните изведби се закажани на 22 и 23 октомври, со почеток од 20 часот. Во среда љубителите на театарската уметност ќе можат да ја проследат премиерата на монодрамата ,,Секс, дрога и рокенрол” од Ерик Богосјан, во режија на Ристе Алексовски, а во интерпретација на актерот Сашо Тасевски.

На 23 октомври (четврток), пак, премиерно ќе се одигра претставата ,,Капетанот Џон Пиплфокс” (Гусарска бајка со пеење и мечување), од Душан Радовиќ, во режија на Коле Ангеловски. Актерската екипа на претставата ја сочинуваат: Игор Ангелов, Таци Илиева – Вељиќ, Јана Стојановска, Александар Степанулески, Симон Манасковски, Димитрија Доксевски, Маја Вељковиќ – Пановска, Ѓокица Лукаревски, Филип Трајковиќ, Душица Стојановска, Златко Митрески, Дритон Вејсели, Ѓорги Тодоровски, Анастас Тановски, Зоран Љутков, Игор Георгиев, Диме Илиев, Александра Павлова, Валдета Исмаили и Билјана Јовановска.

На неделниот репертоар на Драмскиот театар Скопје од  20.10 до 25.10. 2014 ќе имате можност да ги проследите и претставите: ,,Ждрело’’ и ,,Генетика на кучињата’’.

002

ден и час:       24.10.2014 (петок) | 20.00
претстава:      ЖДРЕЛО
играат: Рубенс Муратовски, Лилјана Велјанова, Диме Илиев, Таци Илиева Вељиќ, Филип Трајковиќ, Димитрија Доксевски, Соња Стамболџиоска, Александар Степанулески, Ивана Павлаковиќ.
автор: Жанина Мирчевска
режија: Зоја Бузалковска

004

ден и час:       25.10.2014 (сабота) | 20.00
претстава:      ГЕНЕТИКА НА КУЧИЊАТА
играат: Драган Спасов – Дац, Јелена Жугиќ, Филип Трајковиќ, Драгана Левенска, Билјана Беличанец -Алексиќ, Роберт Вељановски, Никола Ацески, Игор Ангелов, Дејан Лилиќ, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков, Крсте Јовановски, Гордана Ендровска, Жарко Димоски.
автор: Венко Андоновски
режија: Дејан Пројковски

Divianarts.com е член на групата на официјалните медиумски покровители на Драмскиот театар.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобрите автомобили во култните филмови
Следна објаваЕдна животна приказна
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ