Современите џентлмени кои сакаат да изгледаат модерно, елегантно и префинето, а во исто време мажествено и моќно, ќе пронајдат совршени парчиња облека за својот стил, токму во оваа колекција.
Светски познатиот моден бренд Giorgio Armani го претстави каталогот за линијата ,,Armani Collezioni’’, која и натаму го има препознатливиот елегантен стил на машки силуети. Играјќи на сигурно, колекцијата за есен/зима 2014 ја надградува визијата на Армани околу идејата за современа префинетост, со флуидни парчиња облека кои дополнително ја нагласуваат мажествената фигура. Иако е издигната на повисоко ниво, класиката не е единствениот правец кој го следи оваа колекција, туку претставува сосема ново видување на начинот на облекување, со формални сакоа без манжетни и панталони со текстурни елементи кои се достапни во богата палета на исклучителни бои. Современите џентлмени кои сакаат да изгледаат модерно, елегантно и префинето, а во исто време мажествено и моќно, ќе пронајдат совршени парчиња облека за својот стил, токму во оваа колекција. Погледнете како изгледа модната визија за мажи на Армани за студената сезона.