Сивата боја прераснува во масовен моден тренд за студената сезона 2014/2015. Од џемпери, панталони и капути во оваа нијанса, па се’ до комплетен изглед со истиот тон, сивите парчиња облека и аксесоари се полн погодок за оваа есен и зима.
Сивата е елегантна и префинета боја, со мала доза на меланхолија и студенило, налик на прекрасните црно-бели фотографии. Таа е неутрална и многу лесна за комбинирање, па фантастично изгледа во пар со поживи и впечатливи бои, како што се црвената, но и светло жолтата. Црвени нокти, црвени усни или, пак, чевли во црвена боја непогрешливо добро прилегаат на сивата гардероба, а играта со малите детали може да и даде исклучително луксузна нота. Сивиот џемпер, во тандем со лежерни фармерки и црвени усни претставува добитна модна комбинација за шик сабота. Сивата е и омилен избор на вљубеничките во гранџ стилот на облекување, комбинирајќи едноставна маица, искинати фармерки и црна кожена јакна за ,,бунтовен’ ’младешки изглед.
Без оглед на тоа како ќе одлучите да ја носите сивата – целосно сив изглед, или можеби само некое модно парче во оваа боја, бидете уверени дека ќе изгледате модерно и посебно. Во продолжение, ви прикажуваме неколку различни модни комбинации во сива боја, прилагодени на сечиј вкус и стил. Инспирирајте се!