По петте инвентивни решенија за уредување на мали станови, потрагата по убави идеи за дом со скромна квадратура ја продолжуваме со разгледување на уште три прекрасни мини ентериери. Животот во пренаселените урбани средини и високите цени за метар квадратен, се’ повеќе им додаваат на вредност на малите станбени објекти во кои просторот е ефикасно искористен. Овојпат, ви ги претставуваме трите инспиративни визуелизации изработени од рускиот архитект Konstantin Entalecev. Секој стан е со површина под 40 метри квадратни, а сепак успева да обедини фантастични дизајнерски елементи и пријатен амбиент во ентериерот. Од модернистички допири до класична нота во уредувањето, погледнете како изгледаат овие преубаво стилизирани мини домови, и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот животен простор.