Познатиот шведски бренд H&M понуди одлична есенска колекција за уредување на домот. Филозијата според која секој купувач, независно од стилот и желбите, може да пронајде нешто за себе, успешно е пренесена и во популарната Home линија за уредување на домот. Од квалитетни сетови на чинии, па се’ до ситни детали за украсување на животниот простор, H&M се погрижи потрагата по есенска инспирација за домот да не отиде подалеку од нивната продавница. Новата есенска колекција која моментално е низ продавниците, донесува грст различни стилови за секој дом. Линијата ,,Conscious’’ е изработена од еколошки материјали, а ја сочинуваат нови комплети на постелнина, чаршафи и посебна колекција за деца. Како есенски фаворити на дизајнерите од H&M се издвојуваат аксесоарите од ,,Metallic trend”, односно металните и бакарни украси за домот, како што се геометриски обликуваните свеќници, бакарните кутии за накит и ситници, или, пак, минималистичките послужавници. Ткаенините се инспирирани од дезените на модната линија, па така перниците се преслечени во меко вештачко крзно во пудра боја (налик на хит бундата од ,,Studio линијата), или со комплексни дезени во есенски тонови, како темно црвена, окер жолта или маслинесто зелена боја. Во продолжение, погледнете како изгледа промотивниот каталог на H&M за есен ’14 и пронајдете ја омилената инспирација и за вашиот дом.