Златната есен е совршено време да ги спакувате куферите и да се препуштите на магијата на светските дестинации во ова доба од годината. Неверојатни пејзажи, прелевање на златестите нијанси и погледи кои оставаат без здив – есенските патувања се одлична можност омилените туристички локации да ги искусите на сосема поинаков начин, доживувајќи ја нивната убавина со сите сетила.
Без оглед на тоа дали сте непоправливи романтичари, или, пак, љубопитни трагачи по нови авантури, ви претставуваме 27 чудесни места долж светските меридијани, каде брилијантните бои на есента се во полн сјај. Од мали и локално прочуени атракции, па се’ до глобално познати точки на туристичката мапа, ова се дестинациите кои нема да ве разочараат и кои изгледаат најдобро токму во текот на есента. Уживајте во глетките!