Гарвин Рук е еден креативен Холанѓанец кој живее во Јоханесбург. Токму во овој Јужноафрикански град, тој го реконструира своето Порше со делови единствено од истата компанија. Некои од нив се карактеристични и за моделите стари преку педесет години. Дизајнот на својот автомобил го направил според класикот на познатиот Порше од 1968.
Во внатрешноста се поставени кожни седишта од 1989, додека покрај ретро вкусот искористена се карактеристиките на флексибилноста на модерните поршеа, се до моделите на 2004-та година.
Една мала воведна скица во неговата работа.
Занимавајќи се со поправки на автомобили од најмала возраст, страста му станува професија со што доаѓа со еден старо-нов тип на автомобил кој е комбинација на се’ што е најдобро од повеќе типови.
И секако едно кратко видео за брзата вожња.
Со Порше никогаш нема грешка. Зерем не?