Дневната соба е просторијата каде минуваме најголем дел од времето во домот – гледајќи телевизија, читајќи, или, пак, дружејќи се со пријателите и семејството. Кога дневниот престој е комфорен и стилски уреден, тогаш целиот животен ритам делува подобро и поисполнето. За таа намена, ви претставуваме неколку инспиративни дневни соби со прекрасна естетика, кои се подеднакво гостољубиви, модерни и шик. Од изразено колоритни, разиграни и впечатливи, па се’ до смирени, неутрални и минималистички, во нив ќе пронајдете интересни предлози и совети за разубавување на дневниот престој во домот. Одберете ја омилената идеја и дајте и урбана нота и на вашата дневна соба!