„Без оглед на пораката што уметникот сакал да ја претстави во своето дело, само гледачот знае што видел.“
Olga Noes
Olga Noes e девојка која израснала во Ноксвил, Тенеси, град за кој таа вели дека се наоѓа на периферијата на злото. Освен на пиење пиво и танцување таа своето време го посветува и на сликање.
Таа е самоук уметник чија основна мотивација за креативност е споредувањето. Комбинацијата од убавина и зло се појавува во речиси сите нејзини слики. Во секој женски лик произлезен од имагинацијата на Noes може да се забележат траги од тага, разочарување, насилство, очај преку што се отсликува кревкоста на убавината. Нејзините слики се комбинација од акварел, мастило и молив.