Овој прекрасен Бул териер – Jimmy Choo е новата ѕвезда на интернет благодарение на неверојатната имагинација на неговиот сопственик Rafael Mantesso. Кучето го добило своето име поради поранешната сопруга на Rafael и нејзината фасцинираност од чевлите на Jimmy Choo.
Исполнувајќи го празниот простор во својот дом после разводот, Rafael почнал со цртање и решил да направи интерактивни фотографии со неговото куче што се покажало како полн погодок.
„Најдобар начин да се биде креативен е секојдневно да се „вежба“ креативноста, дури и со сила доколку не сте расположени да бидете креативни.“