Живееме во време на брзи промени и во општество кое е опседнато со естетика. Општество кое диктира правила за убавина кои воопшто не се усогласени со физичкото здравје на жената. Време во кое сé повеќе и повеќе се јавува анорексија и зависност од пластични операции. Токму тоа е темата на овој краток анимиран филм на францускиот режисер и уметник на експериментална анимација Frédéric Doazan. Во него тој ги испитува параметрите на денешната женска убавина и прикажува како пластичната хирургија влијае на целокупниот изглед и психологијата на една жена. Еве како тој ја гледа современата жена.