Базиран сосема на вистинска приказна, овој декември ќе имаме можност да го погледнеме „Walt before Micky“, односно животот на Дизни пред Мики да „се роди“ во светот на анимацијата.
Познатата латинска изрека „Рer aspera ad astra“ го истакнува своето значење во животот на најпознатиот аниматор од сите времиња. Навистина бил трнлив патот за Волт до неговите ѕвезди. Според Deadline Hollywood, филмот е базиран според книгата „Волт пред Дизни: Раните години на Дизни, 1919-1928“ од Timonthy S. Susanin.
Интересен фактот кај овој филм е тоа што режисерот Khoa Le режира прв пат и ќе се труди да ги опфати што може подобро и пореално проблемите и животот на Дизни, пред да го креира култниот лик на Мики Маус.
Во филмот, улогата на Волт ја превзема Thomas Ian Nicholas од „American Pie“, додека Jon Heder од „Napoleon Dynamite“ ќе ја превземе улогата на братот од Волт, Рој.
Трејлерот можете да го погледнете погоре. ;)