Денес ви претставуваме еден интересен маникир кој можете да си го направите дома. Изгледа забавно и уникатно и совршен е ако сакате да направите мала промена. На прв поглед можеби ви се чини како да е комплициран за правење, но откако ќе погледнете како се прави чекор по чекор, ќе се уверите дека всушност е многу едноставен. Погледнете и уживајте во забавата викендов.
Потребни ви се:
Четкичка од лак со остар врв
Кремаст лак
Бел лак
Црн лак
Темно-виолетов лак
- Прво, средете ги ноктите со ножички и турпија за да ја добиете саканата форма. Нанесете безбоен лак како база, а врз него нанесете два слоја од кремастиот лак.
- Нацртајте бели хоризонтални линии. Со четкичката исцртајте четири линии со слична должина. Најкратката линија секогаш треба да биде најблиску до врвот на ноктот.
- Исчистете ја четкичката со ацетон и нацртајте темно-виолетови хоризонтални линии кои ќе бидат малку пократки од белите.
- Нанесете кратки и долги црни, вертикални линии. Можете да ги нацртате покрај другите линии или околу нив.
- На крај, завршете со бели, вертикални линии кои можете да ги ставите покрај црните.