Доколку сте фотограф или моден блогер, тогаш внимателно прочитајте го овој отворен повик за работилница на тема „Модно блогирање“.
Моден Викенд Скопје во соработка со Британски совет во Македонија организира работилница за модно блогирање под раководство на успешната британска стилистка и модна уредничка од Лондон, Ребека Рој.
Ребека Рој е британска стилистка, блогерка, модна уредничка и креативна консултантка со седиште во Лондон.
Нејзиното влијание во областите на стајлингот, културата и модата се добро познати од нејзиниот личен блог ”Stylist Stuff” но и како моден уредник за британските изданија на “The Untitled Magazine” и “Disorder Magazine”. Тоа што ја прави неjзината работа уникатна е умешноста за комуникација на идеи, соработување на проекти од секаков вид и обединување на различни влијанија во нејзината работа.
Ребека има повеќегодишно искуство како член на жирито на глобалните модни награди на WGSN и панелист на модниот самит на “Drapers”. Таа исто така е дел од Советничкиот Комитет за Индустрија во Лондон и Одборот за доделување на награди на “Fashion Scout”. Помеѓу повлијателните места каде што одржала говор се вклучуваат: Музејот за Мода и Текстил, Палатата во Кенсингтон и Барбикан, како и гостувања на телевизиските програми Mary Queen of Shops и Britain’s Next Top Model.
Нејзиното портфолио на клиенти е многубројно и разнолико, вклучувајќи големи брендови: Visa, Nintendo, Harvey Nichols, Harrods, Bjorn Borg, The Ford Supermodel of the World competition, Wella, млади и современи дизајнери Ping He, William Tempest и Alice Palmer ,но исто така и познати личности и топ манекенки: Kate Nash, Nero, The Feeling, Sarah Brightman, Billy Idol, Kate Moss, Erin O’Connor и Rosie Huntington-Whiteley.
Дата: 23-27 октомври, 2014
Време: 09:00–12:00 и 19:00–22:00 (во исто време секој ден)
Содржината на работилницата се состои од повеќе теоретски и практични термини кои се распределни во пет дена. Практичните термини подразбираат следење на модните ревии и останати настани кои се дел од Моден Викенд Скопје, подготовка на фотографии и статии за конкретниот настан и нивно моментално објавување онлајн. На секој практичен термин му следи дополнителна консултација – теоретски термин наредниот ден каде заедно со Ребека Рој ќе се прави анализа на резулатите од сработеното. Учесниците ќе бидат поделени во тимови, при што еден тим се состои од еден/на блогер/ка и еден/на фотограф/ка.
Сите заинтересирани треба да ги достават следните документи:
- Пополнет формулар – кој може да се симне на веб-страните на Моден Викенд Скопје и Британски Совет во Македонија;
- Портфолио во електронска форма
- – за фотографи: селекција од најдобри дела
- – за блогери: селектирани објавени статии (дозволено е и само линкови);
- Биографија и кратко мотивационо писмо;
- Една портрет фотографија.
* Работен јазик на работилницита е англиски. Сите документи задолжително е да бидат пополнети и испратени на анлиски јазик.
Рок за испраќање на апликација: понеделник, 29.09.2014 година на следната адреса: goran@fashionweekendskopje.mk
За изборот на учесници ќе одлучува комисија составена од по еден претставник од Моден Викенд Скопје и Британски совет во Македонија и самата Ребека Рој.
Divianarts.com е член на медумските партнери на Fashion Weekend Skopje 2014