Од самостојни ергени, преку рамноправни парови, па се’ до домашни ,,ѕвездени’’ готвачи, денес се’ повеќе мажи готват за себе и своите најмили. Ако некогаш кујната беше царство на жените, сега со ова катче во домот подеднакво владеат и припадниците на посилниот пол. Дизајнерите буднo го следат овој тренд, создавајќи прилагодливи кујни по машка мера – модерни, елегантни и минималистички, но комплетно опремени да одговорат на гурманските потреби на еден современ маж. За вас издвоивме дваесет совршени примери, кои не само што имаат се’ што е неопходно за љубителите на готвењето и добрата храна, туку се и беспрекорно стилизирани. Пронајдете ја омилената идеја за вашиот дом!