Rosie Hardy е девојка која има само 23 години, потекнува од Манчестер и се вбројува меѓу најдобрите млади фотографи кои на експресивен начин се впуштаат во надреалното. Добитник е на повеќе признанија за нејзината работа и зад себе има неверојатно портфолио фотографии кое го претставува нејзиниот уметнички дух. Иако нејзините фотографии се различни по својот предмет и композиција, сите содржат одреден допир на фантазијата, без разлика дали тоа е претставено во форма на ангелски крилја, светилки од небото или сирена.
„Јас сум уметник за бегство. Се препуштам на световите кои се наоѓаат во мојата глава, кои постојат во поезијата и уметноста. Таму постои слобода која не може да се сфати, па затоа јас ја фотографирам.“
Погледнете повеќе фотографии од Rosie Hardy.