Како може да се разубави еден индустриски дел од градот? Os Gemeos се улични уметници кои успеваат да разубават дел од индустриската зона во Ванкувер преку својата уметност. Тие користејќи живописки бои и дезени оживуваат шест силоси. Секој силос добива различен карактер, своја „личност“ и „гардероба“. Вкупно ова јавно уметничко дела опфаќа 23 500 метри квадратни.
Идентичните браќа близнаци од Бразил наместо на конвенционалните две-димензионални ѕидови овојпат се концентрирале кон три-димензионални предмети на кои успешно ја отсликуваат својата креативност и оригиналност. Прекрасно.