Извонредни пејсажи, магична природа, спој меѓу фотографијата и дигиталната уметност се дел од фотографиите на Holly Spring каде што главната улога ја има нејзината ќеркичка Violet. Violet е 4 годишно девојче на кое му недостасува левата рака, но таа во ништо друго не се разликува од другите девојчиња; има свои желби, мечти и потреба од безгрижно детство. Серијата фотографии заслужено е добитник на многу награди и пренесува позитивна порака, го пренесува неограничениот потенцијал на Violet.
„За нас двете, фотографирањето беше забава, начин да се поврземе и да уживаме на локациите каде што имаме поминато убави моменти заедно.“
Што е совршенство? Единствено она што може да се види низ мајчините очи може да се нарече совршенство!