Ако некогаш сте помислиле дека скромната квадратура е пречка да сонувате за убава и атмосферична бања во домот, тогаш размислете повторно и продолжете со читање. За вас издвоивме неколку феноменални примери и инспирации – секоја со нови и поинакви совети за стилско уредување на бањи со помали димензии. Внесувајќи дел од природата, преку интересен избор на декоративни билки, во малата бања ќе се поттикне амбиент на отворена и воздушеста просторија. Светло зелената боја може да направи чуда, наспроти чисто белата и земјено сивата позадина, како и минималистичкиот дрвен тон кој ќе ја облагороди со чувство на топлина и текстура. Малите мозаични плочки се уште еден убав предлог за визуелно проширување на просторот, а со оглед на пропорциите на ѕидовите од бањата, истите може да се постават од едниот, па се’ до другиот агол. Инспирирајте се!