Порано, талкачите низ светот носеа хартија и пенкало и пишуваа приказни за да го засилат својот впечаток. Некои пак скечираа погледи кои им го одземаа здивот. Сега, сето тоа е минато. Евоцирањето на спомени се сведува на многу креативни фотографии. Ги молиме сите оние кои во себе го чуваат романтичарскиот дух и не се двојат од својата хартија. И ние сме такви, верувајте. ;)
Фотограф од Нов Зеланд патува низ светот и создава неверојатни фотографии од уште поневеројатни места. Amos Chapple направи впечатлива серија на фотографии во место наречено Meghalaya, во Индија. Ова место се смета дека е највлажното место на светот, со просек 12ооо милиметри годишно. Прекрасни дождовни шуми, игри во вода и сета забава која дождот ја носи.