Секојдневните работи во животот како по непишано правило ги земаме здраво за готово и во принцип, почнуваме да ги цениме кога ќе почувствуваме недостиг од истите. Без да целиме кон тоа да Ви објаснуваме кои се вредностите во Вашето секојдневие на кои несвесно не обрнувате внимание, само ќе потенцираме една, на чие значење заборавате се’ додека не се најдете во ситуација да Ви биде оневозможено нејзиното користење.
Насмевка. Единствената крива линија која може да исправи многу работи – незнаен број пати сте чуле или прочитале дека смеењето е добра навика, дека е заразна позитивна енергија која се шири и која понатаму предизвика да се смеете почесто. Да се смеете повеќе! Да не заборавите дека светлото на крајот од тунелот иако е само клише, сепак дејствува. Да не изумите дека грижите ќе ги имате и утре, додека моментите умеат да поминат без да ги крунисате со насмевка и смеа и без да ги меморирате во позитивна рамка. Во прилог, следува компилација од ведри фотографии и мотивирачки цитати чиј лајф-мотив е да Ви го разубават денот.