„Кога си вљубеник во фотографијата, а инспирацијата ја црпиш од своето семејство, убавината, боите и текстурите на природата невозможно е да направиш лоша фотографија.“
Lisa Holloway е жена, мајка и фотограф, која целото свое внимание го насочува кон своето семејство и успева да направи линк помеѓу својата работа и семејството. Таа креира магични фотографии од нејзините деца користејќи ја златната светлина и величествените пејсажи во Аризона.
Lisa е личност со уметничка душа која успева во се’ да пронајде нешто уметничко, вредно за фотографирање, па согласно на тоа фотографијата е природен продолжеток на нејзината страст за уметноста и желбата да се документира животот на своите деца преку неверојатни фотографии.