Постојат домови кои е доволно само еднаш да ги видите, за во истиот миг да посакате да се вселите во нив и никогаш да не ги напуштите. Еден таков, недоливо привлечен и пријатен е станот кој иако располага со површина од скромни 57 метри квадратни, сепак има се’ што е потребно за убав и удобен живот. Конципиран е како двособен станбен простор со кујна, а воодушевува со преслатко средениот животен амбиент кој не може да не ви се допадне. Ведриот ентериер е полн со светлина, и се’ е на свое место, почнувајќи од прекрасната светло сина софа во центарот на дневната соба, украсена со полици полни со книги и винтиџ постери. Соголените ѕиглени ѕидови совршено се вклопуваат во модерната бела кујна, додека ѕидните тапети со дезен убаво се вклопени во ходникот и спалната соба. Изборот на детали внесува младешка, опуштена и урбана нота во секое катче, разиграни со колоритните акценти во впечатливи бои. Практично, функционално и со стил – стан за чиста 5-ка! Погледнете ги фотографиите, инспирирајте се и ,,украдете’’ некоја идеја и за вашиот дом.