Обично се вели дека навистина вредните работи, немаат рок на траење. Но, исто така познато е додека го стекнат статусот на „вредни“, треба да помине извесно време – за Atlantis Books тоа повеќе не е спорно, бидејќи оваа маркантна и уникатна книжарница сместена на Санторини, Грција оваа година слави 10 години од своето постоење. Основана во 2004 година од страна на група пријатели од Кипар, Англија и САД која брои фиктивни и не-фиктивни наслови на грчки, англиски, шпански, италијански, германски, француски и две полици на холандски јазик. Во текот на годината, Atlantis Books е домаќин на бројни книжевни фестивали, филмски проекции, литературни читања и добри забави со старомодни танци.
Она што е најубаво во целата приказна е, без сомнение, местоположбата на еден од најубавите острови на Медитеранот која не била првичната идеја на основачите, чија замисла било потрага по локација за шармантна британска книжарница. Сместена во подрумот во една од белите куќи на Санторини, Atlantis Books е производ на идејата и реализацијата на двајца пријатели, Оливер и Крег кои поминуваат една недела на Санторини и кои пијат по едно шише вино на вечер, одлучуваат да отворат книжарница на овој остров. Според нив, тоа е нештото што најмногу недостасува на овој рај: уште еден, внатрешен мини-рај за читателите и писателите. Двајцата пријатели низ смеа, замислуваа како Atlantis Books еден ден ќе ја водат нивните деца…
Читање и средби на библиофили на зајдисонце, со неверојатен поглед и мир на мислата и душата – Atlantis Books со својата преубава тераса привлекува многу љубопитни умови, туристи, авантуристи, интроверти и сите други припадници на книжевниот свет; каде по кратко време истата станува и издавачка куќа, сместена во задниот дел на книжарницата. Од запоставена селска куќа во магично место во современиот свет, кое нуди вонсериско бегство од реалноста. Книжарница со најубав поглед на светот? Веќе ја пронајдовме!