„Низ улиците на Сингапур“ е серија фотографии на фотографот Danny Santos кој фотографира непознати луѓе, доловува дел од нивниот секојдневен живот низ улиците на Сингапур. Секоја од овие фотографии всушност е производ на повеќе фотографии дигитално споени во една.
За 4 недели, Santos на различни локации секојдневно од иста позиција правел по една фотографија на секои 30 минути. Подоцна избира специфични елементи од секоја фотографија и ги спојува заедно. Со мешање на сегменти од различни фотографии тој сака да го долови пулсирањето на градот; од бизнисмени, деловни жени на високи потпетици, тинејџери, пензионери до туристи – сите посебно ги групира како во истиот момент да биле на истото место.