„Живеам во Колорадо, опкружена со убавината на природата. Дива убавина која е инспирација за моите дигитални слики. Сликањето на дивиот свет и природата, со многу бои и детали е мојата најголема страст. Сликам и на платно, но уживам и во можноста на дигиталниот медиум кој ја стимулира имагинацијата и нуди многу возбудливи можности. Ги истражувам уметничките програми, каде сепак користам четки за сликање, но компјутерскиот екран е моето платно…“
Ова е уште една потврда дека доколку имате желба можете да сликате и без да дојдете во директен допир со боја. Погледнете ги дигиталните дела на Carol Cavalaris и инспирирајте се.