Audrey Kawasaki e уметничка од Јапонија која живее во Лос Анџелес. Нејзината последна серија е насловена „Hirari Hirari“ што на јапонски значи„ звук или движење на лист или цвет кој полека тоне“.
Инспирирана од кимоната што ги добила од нејзината мајка, таа вметнува мотиви од традиционалната јапонска облека, живописни нијанси, впечатливи цвеќиња и птици така создавајќи истовремено современи и традиционални, невини и сензуални, беспрекорни жени со смели црти. Карактеристично за Kawasaki е тоа што таа не слика на платно или хартија, туку своите дела ги создава на дрвени плочи.