Што кога патувањето ќе Ви стане досадно? Тогаш ќе одите во светот на Дизни и ќе се обидете да ја пронајдете Вашата принцеза?
Blaine Gibson е фотограф на кого му здосадиле класичните фотографии кои тој и неговиот пријател ги направиле на нивното заедничко патување па затоа кога стигнале до Disney World добил една идеја. Купил лажен веренички прстен и решил да ја запроси својата „принцеза“; го понудил својот прстен на Пепелашка, Ариел, Јасмин, Ѕвончица па дури и на Гастон.
Не секој ден овие „принцези“ добиваат понуда за брак, но умешно се снаоѓаат кога тоа ќе се случи. Костимираните актери ја играат играта на Gibson, а сето тоа е меморирано со фотографии. Која принцеза би била Вашиот избор?