Кога би можеле да изберете место каде со задоволство би ги минувале сончевите дни, како би изгледало вашето идеално сценарио? Ви претставуваме куќа која ќе ги исполни сите очекувања, дури и на оние со најпребирлив вкус. Станува збор за рајска вила сместена во срцето на Марбеља, Шпанија, која е како создадена за хедонистичко уживање во благодетите на летото. Обвиена со егзотичниот амбиент на шпанскиот југ, во внатрешноста куќата открива лежерен, опуштен и извонредно удобен ентериер, стилизиран во суптилните тонови на летото. Спојот на белата и аква сината боја внесува свежина и релаксирачко чувство во секоја соба, а изборот на природни материјали, како дрвените допири и меките текстили, ја облагородуваат со комфор и пријатна атмосфера за престој. Светлината непречено циркулира насекаде низ вилата, а надворешноста и ентериерот совршено се надополнуваат меѓу себе, па вистински предизвик за сопствениците е да одлучат каде попрво би ги минале слободните мигови – дали на преубавата летна тераса и базенот, или, пак, во блескаво белиот ентериер кој им нуди вистински одмор за сетилата. Прекрасна летна инспирација!
Совршена куќа за одмор
Опуштена вила за уживање во благодетите на летото...