Мајсторот на неизвесноста, најпознатиот англиски филмски режисер и продуцент кој во својот животен век обожуваше да си поигрува со психата на гледачите, водејќи ги во неизвесни и адреналински трилер-патувања на големото платно е, несомнено сер Алфред Џосеф Хичкок. Денес, се навршуваат 115 години од неговото раѓање – по успешната кариера во британската кинематографија и во немите филмови, неговото име станува симбол за добар режисер пред да се пресели од Англија во Холивуд, САД.
Во текот на неговата богата кариера, која траеше повеќе од половина век – г-дин Хичкок во својата режисерска столица крои препознатлив и крајно специфичен стил, затоа што самиот е пионер во филмската индустрија поради користење на движечка камера која цели кон војаеризам. Максимизирање на анксиозноста, стравот, емтатијата; тоа се алатки со кои се служеше овој голем режисер. Неговите приказни претежно се насочени кон бегалци од законот, често придружени до ледени русокоси. Насилството, убиствата и криминалот не се исклучени од неговиот филмски мотив, правејќи го културна филмска икона на сите времиња. Во негова чест, се потсетуваме на една роденденска забава, исечок од филмот „Птици“.