Денес ќе Ви покажеме дека и скршените предмети заслужуваат втора шанса за да останат во Вашиот дом. Благодарение на новиот тренд на украсување на Вашите дворови или тераси и скршените саксии ќе го пронајдат своето место.
Иако ова не е класичен направи сам проект ние би Ви го претставиле како можност да ги искористите скршените саксии и да оставите Вашата креативност да дојде до израз. Потребно Ви е скршена саксија, цвеќиња, реквизити по Ваша желба и многу креативност за да создадете мал волшебен свет.
Можете да се инспирирате од фотографиите што следат и да почнете да размислувате како би изгледала Вашата магична саксија.