Дизајнерот Judson Beaumont од студиото Straight Line Design ја осмисли оригиналната серија куќички за миленици под назив ,,Pet Trailers”. Ја сочинуваат четири единствени куќички кои се во облик на приколки за кампување, комплетно се прилагодливи, а подготвени се по мерка за куче. Постојат неколку опции за уредување на ентериерот, од избор на боја и подни облоги, па се’ до можност за осветлување и безжични ѕвучници – за максимален комфор и луксуз. Во процесот на изработка се користат еколошки материјали, како обновлив алуминиум, шперплочи и пластика. Разиграни и во ведри бои, овие куќички се идеален дом за домашното милениче во дворот, на планина, езеро, или, пак море. Симпатична идеја, зар не?