Jame Clauss е професионален фотограф чија специјалност се семејните фотографии. Ужива меморирајќи значајни семејни моменти бидејќи како што вели „тоа се моменти за паметење“.
Заедно со нејзините пријатели кои исто така се професионални фотографи, Jan и Chase Renegar, дошле до идеја да направат несекојдневна „семејна“ фото – серија. Главен фото – модел бил миленикот на Jan и Chase, кучето Jack кое во оваа серија фотографии ја има улогата на бебе.
Сите класични бебе фотографии биле направени на совршен начин, но на местото на бебето се наоѓа куче.