Ако и на Вас секојдневието Ви е обоено со креативни мисли, но неможност истите да бидат реализирани во Вашите обврски – тогаш денешниот Направи сам предлог ќе го прифатите без двоумење. Независно дали сте во Вашиот дом или канцеларија, јасно ни е дека имате лак за нокти во близина. А веруваме и керамичка шолја за кафе! Акварелниот изглед ке ја поттикне Вашата мотивација и ќе направи уште повеќе да му се радувате на Вашиот нектар, наречен кафе. Дневна доза креативна енергија, за која…
Потребно Ви е:
– бела керамичка шолја
– стара или алуминиумска чинија
– лак за нокти
Постапката е повеќе од едноставна – ставете вода во чинијата и додадете малку лак. Шолјата наводенете од една страна – лакот ќе направи неправилна форма и шолјата ќе биде уметничко дело само по себе. Ако планирате така да уредите цел сет шолји, повторете ја постапката. Оставете да се исуши. Од утре, пиењето кафе, па дури и во сопствено друштво, нема да е исто.